• Горан Упале

Петтиот носител на УС Опен, Флавио Коболи, со голема мака обезбеди пласман во второто коло во Њујорк. Италијанецот се врати од негатива од 0-2 во сетови и го совлада Аргентинецот Франциско Комесања со 3-6, 2-6, 6-3, 6-4, 6-4.
Коболи, кој е шести на АТП-листата, мораше да помине низ вистинска тениска драма против 119. играч во светот. Мечот траеше повеќе од четири часа, а за Италијанецот ова беше првпат во кариерата да надополни два сета негатива и да стигне до победа.
Во следното коло Коболи ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Нишеш Басавареди и Тристан Сколкејт.
Во меѓувреме, Тејлор Фриц без поголеми проблеми го мина првото коло. Деветтиот носител го совлада сонародникот Дарвин Бланш со 6-3, 6-2, 6-4 и продолжи во второто коло.










