ВИДЕО: Коболи го исфрли шестиот тенисер на светот за полуфинале на РГ!

Флавио Коболи обезбеди место во полуфиналето на Ролан Гарос, откако со пресврт го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Италијанецот до триумфот стигна по нешто повеќе од три часа игра и за првпат во кариерата се пласира меѓу четирите најдобри на еден Грен слем турнир. Со оваа победа Коболи си гарантира и деби во Топ 10 на АТП листата, под услов Јакуб Меншик да не ја освои титулата во Париз.

Во полуфиналето ќе игра против сонародникот Матео Беретини или Матео Арналди, додека во другата полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Александар Зверев и Јакуб Меншик.

Сигурно е дека Италија ќе има двајца полуфиналисти, меѓутоа никој од оваа земја не очекуваше барем едниот од нив да не е Јаник Синер.