Клара Таусон ја исфрли шампионката на Вимблдон од 2022 година

Шампионката на Вимблдон од 2022 година, Елена Рибакина, доживеа непријатна елиминација во третото коло од овогодинешното издание на престижниот турнир, откако загуби од Данката Клара Таусон со 2-0, по сетови 7-6/6 и 6-3. 

Мечот траеше два часа и шест минути, а освен големата борба во првиот сет, Рибакина не ја прикажа очекуваната игра и сосема заслужено го заврши настапот уште во раната фаза.  

На Таусон ѝ беше доволен само еден брејк во вториот сет за да ја насочи победата кон себе, а во осминафиналето ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Полјачката Ига Швјонтек и Американката Даниел Колинс. 

ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Facebook