Клајстерс: Ѓоковиќ може да го собори рекордот на Федерер

Поранешната прва тенисерка на светот, Ким Клајстерс изјави дека е убедена дека Новак Ѓоковиќ може да го престигне Роџер Федерер според бројот на Грен слем титули.

Според Белгијката, Новак Ѓоковиќ во моментов е далеку пред сите, а за тоа заслуга има и неговиот тим, со кој напорно работеше на враќање на својата форма.

„Дефинитвно сметам дека Новак може да го стигне рекордот на Роџер Федерер. Најважно е да ја оддржи својата форма, бидејќи знае како е да бидеш најдобар. Беше само прашање на време кога ќе ја поврати својата форма. Во некои моменти беше фрустриран, но тоа само покажува колку беше мотивиран да се врати на самиот врв. Тој и неговиот тим направија нешто неверојатно и мислам дека уште долго време ќе биде на самиот врв“, изјави Клајстерс.

Славниот Швајцарец има 20 титули, втор е Рафаел Надал со 17 Грен слем трофеи, додека Новак Ѓоковиќ е на бројка од 15 титули од четирите најголеми турнири.