Кирјиос со еден симбол покажа што мисли за освојувачот на Вимблдон

Јаник Синер го освои Вимблдон победувајќи го Карлос Алкараз (3-1) на централниот терен во Лондон. Првпат во својата кариера Италијанецот го освои престижниот трофеј, но тоа не му се допадна на Ник Кирјиос

Австралиецот не е најголем фан на Синер, особено по допинг-скандалот кој се случи. Кирјиос во повеќе наврати го критикуваше италијанскиот тенисер и одлуката да не биде драстично казнет за позитивниот допинг тест. 

Сега тој испрати и јасна порака по освојувањето на Вимблдон кон Синер. Тој објави само ѕвездичка (*) на социјалните мрежи. 

Со тоа алудираше на фактот дека до титулата на Вимблдон крај името на Јаник Синер треба да има ѕвездичка и дообјаснување дека се извлекол од суспензија.