Кирјиос: Ноле има болна опсесија, сака на сите да им се допаѓа

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос повторно во својата кариера го нападна првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и кажа тешки зборови за него. Кирјос и во минатото кажа дека Ноле не е негов омилен тенисер, а овој пат, ги помина границите.

„Новак има болна опсесија, сака на сите да им се допаѓа. Не можам да поднесам јас такво нешто. Ми се гади. Без разлика колку Грен слемови ќе освои, нема да биде најдобар. Ако играм против него и победам, ќе прославам пред него“, изјави Кирјиос.

Двајцата тенисери зад себе имаат два натпревара, а и во двата славеше Ник Кирјиос. Можно е тие да се сретнат на Мастерс-турнирот во Рим.