Кирјиос играше атрактивно и без проблеми тргна во Синсинати

Ник Кирјос

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос со одлична игра го отвори турнирот во Синсинати. Во првото коло го совлада Лоренцо Сонего од Италија со 2-0 (7-5, 6-4).

27. тенисер на светот ја забавуваше публиката и покажа дека е расположен во пресрет на последниот сезонски Грен слем, УС Опен. Оствари неколку атрактивни поени и предизвика оваци од публиката, а во меѓувреме рутински го добиваше мечот.

Во следното коло противник на Австралиецот ќе биде Карен Качанов од Русија.

Доколку се оди според планот, Кирјиос во четвртфиналето би требало да се сретне со Новак Ѓоковиќ. Фановите со нетрпение очекуваат нивен дуел со оглед на недоразбирањата во последните неколку месеци.