Кирјиос за тренингот на Ноле: „Ако треба да го правам ова за да освојам Грен слем...“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос се судрија во последното Грен слем финале кое заврши со триумф на Србинот и нов трофеј на Вимблдон. Контроверзниот австралијски тенисер првпат играше за голем трофеј, но не успеа да се радува на крајот. 

Кирјиос е познат по своите интересни изјави и коментари, па сега одново се најде во центарот на вниманието. Ѓоковиќ објави видео на својот Инстаграм профил од капуера тренинг, а Австралиецот коментираше во свој стил и напиша: 

„Ако сакате да ми кажете дека вака треба да тренирам за да освојам Грен слем, тогаш сум во проблеми“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Следниот и последен Грен слем турнир за оваа сезона се игра во Њујорк. Во моментов Ѓоковиќ нема дозвола за настап на УС Опен, но разгледува можности за такво нешто.