• Саше Љолес
Австралискиот тенисер Ник Кирјиос ќе добие место во привилегираната ждрепка за Австралија Опен и го потврди своето учество на првиот годишен Грен-Слем со оптимистичка изјава.
Кирјиос минатите две години долго отсуствуваше поради честите повреди, но сепак ќе има можност да се натпреварува во родната земја, истакнувајќи дека има големи амбиции.
„Неизмерно ми е драго што ќе играм во Австралија. Тоа е посебно чувство. Имав многу проблеми, но полека почнувам да се враќам во ритам. Сакам да остварам што подобар успех, целта ми е да се пласирам најмалку во четвртфиналето“, рече тенисерот.
Кирјиос во својата кариера освои седум титули во сингл-конкуренција, а највисок АТП ранк во кариерата му беше тринаесеттото место.