Кирјиос пак го „пецна“ Ѓоковиќ: Тој бегаше од моите сервиси

Новак Ѓоковиќ повторно беше „мета“ на Ник Кирјиос. Контроверзниот тенисер. каде и да се појави во јавноста, ја користи таа можност да „удри“ по првиот рекет на светот, а така беше и при неговиот он-лајн разговор со Енди Мареј.

Австралијанецот смета дека Мареј е подобар тенисер и требаше да има поголема кариера од Ноле.

„Сметам дека ти требаше да имам поголема кариера од Ѓоковиќ. Не сакам да предизвикам контроверзии, но тоа е мое мислење. Знам дека луѓето ќе речат дека не сум во право, Новак освоени толку и толку титули, но јас знам како Ѓоковиќ бегаше од моите сервиси и едвај ги враќаше, а ти ми правеше винери“, му рече Кирјиос на Мареј.

Мареј важи за еден од најдобрите тенисери на Британија во поновата историја, но честите повреди го оддалечија од терените веќе подолго време е надвор од натпреварувачки ритам.