• Горан Упале
Ник Кирјиос веќе подолго време е надвор од тениските терени, но е и тоа како активен на социјалните мрежи и во медиумите. Каде и да се појави привлекува големо внимание и коментари, а неговата последна изјава одново крена многу прашина кај тениската јавност.
Австралиецот смета дека кариерата на Новак Ѓоковиќ е пред самиот крај!
„Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе го носат тенисот во следните 10-15 години. Новак сè уште може да се справи со нив, тој е сè уште неверојатен тенисер, но прашањето е колку долго.
Мразам да го кажам тоа, но кариерата на Ѓоковиќ се ближи кон крајот", вели Австралијанецот.
Ѓоковиќ ја освои својата последна титула на Вимблдон токму против Кирјиос во финалето во 2022 година. Австралијанецот се повреди неколку месеци подоцна и оттогаш не е активен на АТП турот, со мали исклучоци.



