Кирјиос: Ќе го освоев Вимблдон ако противник не ми беше Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос изјави дека ќе го освоел Вимблдон доколку ривал во финалето му бил кој било друг тенисер освен Новак Ѓоковиќ.

Кирјиос во првото Грен слем финале во кариерата беше поразен од најдобриот српски тенисер со 4-6, 6-3, 6-4, 7-6.

„Искрено, мислам дека моето прво Гренд слем финале беше импресивно. Следниот пат малку полесно ќе се справам со бранот емоции бидејќи сега сум свесен што беше во прашање. Имам чувство дека со начинот на кој играм, јас ќе го добиев финалето ако играв против некој друг, освен Ѓоковиќ“, изјави Кирјиос.

Ѓоковиќ по трофејот во Вимблдон е на одмор, кој најверојатно ќе биде продолжен, поради фактот што ќе ја пропушти американската турнеја.