Кирјиос ја продолжи војната со Чориќ: Се прашувам дали таа кикиритката во мозокот ти пораснала

Војната на социјалните мрежи меѓу Борна Чориќ и Ник Кирјиос не застанува, откако овој пат коментар пристигна од Австралија. 

Откако хрватскиот тенисер на Твитер го праша Кирјиос дали „испил уште неколку чаши“, очекувано, одговорот пристигна многу брзо. 

„Се шегуваш со пандемијата. Тоа ја покажува твојата зрелост на ниво на шампион. Ќе биде добро да се сретнеме повторно и да видам дали таа кикиритката во мозокот ти пораснала“, во свој стил одговори Кирјиос.

Инаку, Чориќ беше едне од неколкумината заразени тенисери кои учествуваа на Адрија Купот, а меѓу најгласните критичари за одржувањето на турнирите во Белград и Задар беше токму контроверзниот Австралиец.