Кирјиос: Имам секс со моите фанови речиси секоја недела...

Кирјиос

Колку и да е контроверзен и да има имиџ на „лошо момче“, мора да се признае дека Ник Кирјиос е еден од најголемите таленти во новата генерација тенисери.

Неговото однесување и карактер му се пречка за да достигне повисоко ниво, кое сигурно би му донело титула на Грен слем турнирите. Но, тој не сака да слушне да живее живот како што целиот свет очекува од него, туку си тера по свое и не се срами јавно да го каже тоа.

Пандемијата го натера австралискиот тенисер да биде активен на социјалните медиуми, а при раскажувањето анегдоти откри дека често е во дружба на свои фанови.

„Секоја недела имам секс со моите фанови. Се сеќавам дека еднаш играв против Федерер на Лејвер Купот и здогледав убава девојка. Во моментот си реков „по ѓаволите, сакам да ја однесам на пијачка““, рече Австралиецот.

Од 20 март оваа година, Кирјиос стои на 40-та позиција на АТП листата. Во кариерата има шест трофеи и тоа во Токио, Атланта, Вашингтон, Акапулко, Бризбејн и Марсеј.