• Саше Љолес

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос доживеа пораз во првото коло на Отвореното првенство во Мелбурн, каде беше совладан од Британецот Џејкоб Фернли, а по натпреварот за медиумите изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да настапи на овој Грен-Слем.
„Искрено, не сум сигурен дали се гледам на уште едно издание во сингл-конкуренција. Едноставно, не сакам да излезам повреден и само да ги предавам мечевите.
Навивачите со нетрпение го очекуваа моето враќање, а јас ги разочарав со настапот. Физички не сум доволно подготцен за овие напори, тоа беше повеќе од очигледно“, изјави Кирјиос.
Миленикот на домашната публика доби специјална покана за учество на Австралија Опен, но испадна уште во првата рунда.