Кирјиос го „збриша“ Гарин и обезбеди полуфинален меч во Лондон

Кирјиос

Ник Кирјиос е третиот полуфиналист на Вимблдон со денешната победа над Кристиан Гарин (4-6, 3-6, 6-7/5).

Австралискиот тенисер немаше големи проблеми на оваа средба. Чилеанецот не беше на ниво кое е потребно за пласман во полуфинале на еден Грен слем турнир.

По водството од 0-2, Кирјиос се помачи во последниот сет. Тај-брејкот донесе неизвесност и драма, но на крај Гарин попушти во клучните моменти и му пушти рака на противникот.

Противник на Австралиецот ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Тејлор Фриц.