ФОТО: Кирјиос го замоли Федерер една работа пред денешното финале

Кирјиос Новак

Тенискиот свет денес со нетрпение го очекува финалниот меч на Вимблдон. На централниот терен ќе се појават првите двајца носители на турнирот, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Во пресрет на дуелот на двете легенди на белиот спорт на Твитер се огласи Ник Кирјиос. Познат по тоа што не е во најдобри односи со Србинот, австралискиот тенисер испрати молба до неговиот противник.

Ѓоковиќ е благ фаворит за победата, а на негова страна е и традицијата. Тој победи на претходните две финални пресметки на теренот во Лондон.

Финалето се игра со почеток од 15:00 часот.