Кирјиос: Го сакам Новак, но можеби е време за смена на генерациите...

Финалето на Вимблдон му припадна на Карлос Алкараз, кој втора година во низа го победи Новак Ѓоковиќ за трофејот. 

По финалето еден од најголемите поддржувачи на Новак Ѓоковиќ, австралискиот тенисер Ник Кирјиос објави интересна порака. Тој нагласи колку го сака Србинот, меѓутоа напиша дека можеби е време за смена на генерациите. 

„Го сакам Новак Ѓоковиќ, меѓутоа можеби е време да кажеме дека е време за смена на генерации“, напиша австралискиот тенисер. 

Инаку, Кирјиос во моментов е неактивен бидејќи се мачи со повреда на коленото. Последниот меч го одигра во јуни 2023 година, а не сака и не смее да избрза со враќањето на терените поради сериозноста на ситуацијата.