Кирјиос: Ѓоковиќ го третиравме како го*но, би отишол во Белград – но само да се „журкам“!

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос и покрај тоа што повторно се повреди, очекува да се натпреварува на Австралија Опен, неколку недели откако им се врати на тениските терени и беше поразен во првото коло во Бризбејн. 

Поради големото пријателство со Новак Ѓоковиќ, на прес-конференцијата пред почетокот на турнирот Кирјиос беше прашан дали планира да отиде во Белград на егзибициски дуел.

„Со задоволство би дошоч во Белград. Не сакам ни да играм тенис таму. Сакам да се „журкам“. Сакам да поминувам време со Ѓоковиќ во Србија. Тоа секако би било најдоброто нешто на сите времиња“, низ смеа одговори Кирјиос.

Ник се осврна и на тврдењата на Новак дека бил отруен додека бил затворен во Мелбурн за време на сагата за депортација.

„Не, не сум слушнал за тоа. Ќе стојам на своето - го третиравме како го*но. Тоа е сигурно“, подвлече Кирјиос.

Контроверзниот тенисер на прес-конференцијата во сончевиот Мелбурн беше облечен во зимска јакна, а во првото коло во Австралија Опне треба да се судри со Британецот Џејкоб Феарнли.