ВИДЕО: Кирјиос дивееше во Рим – фрли столче на терен и си доби дисквалификација! 

Глупостите на Ник Кирјиос немаат крај. Контроверзниот австралиски тенисер денес си доби дисквалификација од Мастерсот во Рим, откако дивееше на дуелот со Норвежанецот Каспер Руд. 

При резултат од 1-1 во третиот сет, откако Руд направи ри-брејк, Кирјиос едноставно полуде, а своето недолично однесување го одведе до максимум и фрли столче на терен. Очекувано, судијата не го толерираше ваквото однесување на тенисерот и го дисквалификува од овој турнир. 

  • Недоличното однесување на Кирјиос на Мастерсот во Рим: 

Ваквиот потег на Кирјиос ги изненади, а воедно и изневери фановите на трибините, кои во текот на целиот меч му даваа огромна поддршка и аплаудираа на секој негов поен.

Ова не е прв ваков испад и често контроверзниот австралиски тенисер не може да го контролира својот темперамент и тоа му носи непоправлива штета.