Ким Клајстерс ја „замрзнува“ кариерата, има друг приоритет во моментов

Поранешната светска тенисерка број еден, Ким Клајстерс, ќе ја паузира кариерата одредено време и има друг приоритет во моментов.

37-годишната Белгијка му се врати на „белиот спорт“, ама уште нема победа на официјалните мечеви. Таа се реактивира во месец февруари. Причина за привременото „замрзнување“ на кариерата е нејзиното семејство.

Клајстерс има три деца, па сака да им се посвети во наредниот период. Таа ќе тренира, ама нема да игра на претстојните турнири.