• Саше Љолес
Британските тенисер Џулијан Кеш и Лојд Гласпул го освоија трофејот на Вимблдон во дубл-конкуренција, откако во финалето ги победија Ринки Хиџиката од Австралија и Давид Пела од Холандија со 2-0, по сетови 6-2 и 7-6/3.
Мечот траеше еден час и 24 минути, а победата ја осигураа со сигурна игра во првиот сет и победнички тај-брејк во вториот. Ова е прва Грен-Слем титула за британските тенисери кои освоија парична награда во вредност од 680.000 фунти.
За Велика Британија ова е првпат после дури 89 години титулата во двојки да ја освои пар составен од домашни тенисери. Поразените финалисти ќе поделат премија од 345.000 фунти.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X

