ВИДЕО: Кербер за 65 минути ја совлада Ларсон и обезбеди трето коло во Мајами

Германката Анџелика Кербер оствари лесна победа против Јохана Ларсон со 2-0 (6-2, 6-2) и обезбеди пласман во третото коло на ВТА Мастерсот во Мајами.

Поранешната прва тенисерка на светот, а моментално десетта на ВТА ранг-листата немаше никакви проблеми против младата Швеѓанка и на теренот се задржа само 65 минути. Противник на Кербер во следното коло ќе биде Анастасија Павличенкова, која со 2-1 ја совлада Александра Саснович.

Пласман во наредното коло обезбедија и Ањешка Радванска, Каролина Плишкова, Моника Никулеску и Анастасија Севастова.