Кенин ја елиминира легендарната Венус, 46-годишната Вилијамс немоќна на стартот на УС Опен

Венус Вилијамс не успеа да ја продолжи својата авантура на УС Опен, откако во првото коло загуби од сонародничката Софија Кенин со 2-0.

Кенин, која моментално е 110-та на ВТА-листата, славеше со 6-2, 7-6 за 108 минути игра. Дуелот беше особено интересен поради фактот што на теренот се сретнаа две Американки со специјална покана за настап.

Кенин во второто коло ќе игра против Џесика Пегула, а по големата победа со почит зборуваше за својата противничка.

„Голема чест ми е што го делев теренот со жива тениска легенда како Венус Вилијамс“, порача Кенин.

За Вилијамс, која има 46 години и моментално е 618-та. тенисерка во светот, ова беше уште еден неуспешен настап пред домашната публика на Грен слемот во Њујорк.