Кејс одигра епско финале и дојде до првата елитна титула во кариерата

Американската тенисерка Медисон Кејс успеа да дојде до првата титула на најдобрите пет турнири во тенисот и победи на мастерсот во Синсинати.

Во финалето Кејс беше подобра од Светлана Кузњецова, против која славеше со 2-0 во сетови (7-5, 7-6).

Во првиот сет, иако губеше со 3-5, се врати во мечот со брејк за 5-5, а потоа и за победа од 7-5, додека во вториот, ситуацијата беше слична, Кејс губеше со 3-5, но со брејк за 5-5, го одведе дуелот во тај-брејк и беше подобра со 7-5.

За Кејс ова е најголема титула во тениската кариера.