Кецмановиќ беше само спаринг-партнер, Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми мина уште една пречка на Вимблдон и стигна до јубилејната стота победа на Грен слем турнирот на тревна подлога. Вечерва во Лондон големиот шампион не му даде никаква шанса за надеж на сонародникот Миомир Кецмановиќ и славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-3, 6-0, 6-4). Српското дерби заврши за нешто помалку од два часа, а Ѓоковиќ на својот пријател му препушти вкупно седум гема, три во првиот, ниту еден во вториот и четири во третиот сет.

Највозбудливо беше во првиот сет. Кецмановиќ долго време одолеваше на налетите на фаворитот, но така беше до осмиот гем, кога Ѓоковиќ направи брејк и потоа со сигурна игра на свој сервис поведе со 1-0 (6-3). Во вториот сет играта на Кецмановиќ целосно се распадна, а Ноле вешто го искористи тоа и без загубен гем влезе во комотна предност.

Ништо не се промени ниту во следниот гем. Кецмановиќ го освои првиот гем, а потоа следуваше нова серија на големиот шампион и пет гема во низа, со што стана јасно кој ќе биде победникот на натпреварот (6-4). 

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Алекс де Минер, кој славеше над Данецот Аугуст Холмгрен со максимални 3-0.