• Иван Димовски
Каспер Руд рутински си ја заврши задачата и се пласира во осминафиналето на Мастерс турнирот во Мајами. Норвежанецот го доби дуелот со Алехандро Табило со 2-0 за час и 36 минути.
Првиот сет Руд го доби со еден брејк и 6-4. Во вториот Табило пружи посериозен отпор. Чилеанецот не дозволи да загуби свој сервис, па се играше тај-брејк во кој фаворитот сепак успеа со 7-4 да стигне до победата.
Осминафинале си обезбеди и ветеранот Гаел Монфилс со победа над Жаум Мунар (1-2). Со оваа победа Французинот стана највозрасен тенисер кој се пласирал во четвртото коло на овој Мастерс турнир.
Франциско Черундоло успеа да го изненади Томи Пол победувајќи го без загубен сет (2-0). Аргентинецот отвори одлично со 6-2 во првиот сет, а вториот го доби со 7-4 по тај-брејк.

