Карлос Моја: Сигурен сум дека Надал ќе освои уште некој Грен слем турнир

Некогашниот најдобар шпански тенисер, Карлос Моја, денес ја изненади тениската јавност со својата изјава во која вели дека е сигурен дека Надал ќе се врати во старата форма и повторно ќе освојува Грен слем титули. 

„Рафа има 30 години, а тенисерите знаат да бидат на врвот и на 34/35, зошто да не биде така и со него. Тој се мачи со повредите како и со физичката подготвеност, но знам дека е голем борец и ќе се врати оној стариот. Сигурен сум дека Надал ќе освои уште некој Грен слем турнир“, изјави Моја. 

Рафаел Надал во својата кариера има освоено 14 Гран слем титули, но последната беше во 2014 година на Ролан Гарос, додека од тогаш има освоено пет трофеи од кои само два оваа сезона.