• Иван Димовски
Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Пекинг од серијата 500. Шпанецот ја оправда фаворитската улога и го „збриша“ Талон Грикспор со 2-0.
Холандскиот тим не успеа да му парира на фаворизираниот ривал. Алкараз го доби првиот сет со 6-1, а и во вториот беше убедлив и со 6-2 за само 57 минути го приврши мечот.
Следен ривал на Карлос Алкараз ќе му биде Карен Хачанов, кој со 2-0 го совлада Франсиско Черундоло.
Изненадување приреди Јунчаокете Бу кој го совлада Лоренцо Мусети со 2-0.