Карлос Алкараз потврди: Ќе го прескокне и Вимблдон!

Карлос Алкараз официјално го откажа настапот на овогодинешниот Вимблдон, како и на турнирот во Квинс. Шпанскиот тенисер преку социјалните мрежи соопшти дека закрепнувањето оди во добра насока, но сѐ уште не е подготвен за настап на тревната сезона.

„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сѐ уште не сум подготвен за настап. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнири за мене и многу ќе ми недостигаат“, напиша Алкараз.

Претходно беше потврдено и неговото отсуство од турнирот во Ролан Гарос поради повреда.

Алкараз минатата година играше во финалето на Вимблдон, каде беше поразен од Јаник Синер, додека трофејот на престижниот турнир го освојуваше во 2023 и 2024 година.