• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз откри зошто решил да го промени својот имиџ. Алкараз ги изненади сите со својот настап на Отвореното првенство на САД, менувајќи ја препознатливата фризура и ја скрати косата.
Секако глетка што никој не ја очекуваше, но се чини дека новата фризура му одговара на младиот Шпанец и дека на многу луѓе им се допадна. Затоа пред почетокот на натпреварот со Рајли Опелка, беше прашан зошто решил да ја направи промената.
„Сакав да бидам свеж за турнирот, да имам нешто ново, да го започнам турнирот на вистински начин. Мислам дека ова му одговара на Отвореното првенство на САД“, рече Алкараз со насмевка.
Шпанецот без посериозни проблеми, во три сета, го совлада Опелка и се пласира во второто коло на УС Опен.




