• Иван Димовски
Карлос Алкараз нема да настапи на АТП Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанскиот тенисер се очекува да го потврди откажувањето во текот на денот поради повреда.
21-годишникот требаше да биде втор носител на турнирот и голем фаворит пред домашната публика. Сепак, поради повреда нема да може да заигра на турнирот во Мадрид. Засега не е познато кој ќе го замени Алкараз кој е слободен во првото коло.
Поради откажувањето Карлос Алкараз ќе загуби 200 поени бидејќи на минатото издание играше четвртфинале.