Карено Буста и Ожер Алијасим закажаа полуфинале на АТП Ротердам

Карено Буста го исфрли Јаник Синер во четвртфиналето на АТП турнирот во Ротердам, со триумфот од 2-1 во сетови. Младиот тенисер пружи силен отпот, но немаше сили за нова елиминација на фаворит. 

Првиот сет Шпанецот го доби по 12 одиграни гемови со 7-5, а Италијанецот беше поубедлив во вториот кој го освои со 3-6. Решавачкиот беше неизвесен до самиот крај, а на крајот Карено Буста славеше триумф освојувајќи го по тајбрејк со 8-6. 

Фаворитската улога ја оправда и Ожер Алиасим и закажа полуфинале против Шпанецот, а беше за нијанса посигурен против Бедене со 2-0. Воведниот сет го освои со резултат од 6-4, а вториот го доби по тајбрејк и победа од 8-6.

Паралелно со турнирот во Ротердам се игра и АТП Буенос Аирес, каде што изненадување приреди Норвежанецот Руд, со исфрлањето на Лајовиќ и сигурен триумф од 2-0. Очекувањата ги оправдаа Шварцман и Пела кои си обезбедија место во наредната рунда.