Карен Хачанов го освои АТП турнирот во кинескиот Џухај

Русинот Карен Хачанов е освојувач на АТП турнирот кој се одржа во кинескиот град, Џухај. Хачанов во финалето славеше над Јапонецот Јошихита Нишиока со 2-0, по сетови 7-6/2 и 6-1. 

Петнаесеттиот светски тенисер за 105 минути го совлада ривалот кој се наоѓа триесетина места подолу на АТП листата. Ова беше четврт триумф за Хачанов од вкупно пет дуели против Нишиока. 

Победникот на овој турнир ја збогати својата сметка за 139.000 долари и добива 250 АТП поени, што сигурно ќе значи и мал прогрес за Хачанов на официјалната светска листа. Турнирот во кинескиот Џухај се играше за вкупен награден фонд од 980.000 долари.