Карацев и Бадоса ја започнаа годината со трофеј во Сиднеј

Карацев

Русинот Аслан Карацев победи на турнирот во Сиднеј, откако во финалето го победи Енди Мареј (6-3, 6-3).

По нешто повеќе од еден час и половина, рускиот ас ја потврди добрата форма на почетокот од новата година. Британецот, пак, со голема емоција им се заблагодари на сите кои му помогнаа да се врати и да игра на високо ниво.

Карацев во двата сета направи брејк во раната фаза. Потоа со сигурен сервис ја запечати судбината на ривалот и го отвори патот кон трофејот.

Во женска конкуренција во Сиднеј славеше Паула Бадосa од Шпанија, која беше подобра од шампионката на Ролан Гарос, Чехинката Барбора Крејчикова со 6-3, 4-6, 76/4.