Канадска тинејџерка стои на патот на седмиот УС Опен трофеј на Серена

Легендарната Серена Вилијамс денес ќе игра за својата 24-та Грен слем титула во кариерата, седма на домашно тло во Њујорк.

Во финалето ќе се сретне со младата сензација од Канада, Бјанка Андрееску, која ќе дебитира на големата сцена на УС Опен. 19-годишната тенисерка ќе се обиде да го повтори успехот на Наоми Осака и да и нанесе втор пораз во низа во завршницата на големата фаворитка.

Финалниот меч ќе има специјално значење за Американката. Со евентуална победа ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт, која е рекордерка по бројот на освоени големи турнири.

Резултатот на Андрееску можеби е изненадување за многумина, но не и за оние кои одблиску ја следат нејзината кариера. Потенцијалот за напредок на Канаѓанката е огромен и само повредите ја спречија порано да се искачи во самиот врв на ВТА листата. Денес таа ќе го има најголемиот тест во својата кратка кариера - да ја победи можеби најдобрата тенисерка која некогаш се појавила на терените.

Финалето и новата победничка на УС Опен ќе биде позната вечерва. Мечот започнува во 22:00 часот.