
Младиот Денис Шаповалов и ветеранот Васек Поспишил одиграа одлично и ја однесоа Канада во полуфиналето на Дејвис Купот, кој се игра во Мадрид.
Ова ќе биде трето учество за канадската репрезентација во полуфиналната фаза, по оние во 1913 и 2013.
Канадската двојка беше подобра од онаа на Австралија, која ја сочинуваа Џон Перс и Џордан Томпсон. Претходно, во сингл конкуренција, Поспишил го победи Милман, а Шаповалов загуби против Де Минаур.
Следен противник и последна пречка пред финалето ќе им биде Русија или Србија, кои денес ќе го започнат нивниот четвртфинален дуел.