Кам-бекот ќе почека: Клајстерс има повреда на коленото

Некогашната светска тенисерка број еден, Ким Клајстерс, најави дека му се враќа на „белиот спорт“, меѓутоа нејзиниот кам-бек ќе почека поради неочекуван проблем.

Белгијката најави дека пак ќе заигра тенис во новата година, меѓутоа, четирикратната Грен слем шампионка има повреда. Се работи за повреда на коленото која бара мирување, ама и покрај истата Клајстерс вели дека е уверена дека ќе се врати пак на тенисот.

Клајстерс замина во пензија во 2012 година, затоа што доби дете и реши да посвети повеќе време на семејството.