Калин Ивановски во четвртфинале во сингл и во двојки во Австрија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски игра солиден турнир во Австрија и се пласира во четвртфиналето во сингл и во двојки.

Во сингл-конкуренција Ивановски славеше над Италијанецот Андреа Герери, кого го доби со 6-3, 6-3 во сетови. Следен противник на македонскиот ас е Австриецот Петер Голдштајнер.

Ивановски го очекува и меч од четвртфиналето во двојки каде што заедно со Чехот Адам Јурајда ќе се соочат со првите носители, германско-кинеската двојка Шел и Сун.