Калин Ивановски со пресврт до четвртфинале во Поатје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се избори за место меѓу осумте најдобри на ИТФ-фјучрс турнирот во Поатје, Франциа.

Нашиот најдобар претставник во „белиот спорт“ со пресврт славеше над домашниот тенисер Александре Реко кого го доби со 1-2 во сетови (3-6, 6-1, 6-4). Посебно добар Ивановски беше во вториот сет во кој доминираше.

Македонецот е трет носител на турнирот, а за место во полуфиналето ќе игра повторно со тенисер од Франција, а името на ривалот ќе го добие во текот на утрешниот ден.