• Мартин Танасковски

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа го отвори ИТФ-фјучрс турнирот кој се игра во Поатје, Франција.
Нашиот најдобар претставник во „белиот спорт“ во првото коло го совлада Метју Вилијам Доналд од Чешка. Македонецот беше подобар од ривалот со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).
Следна пречка за Ивановски кој е трет носител на турнирот вреден 15.000 долари ќе биде од Франција или Русија.