Калин Ивановски остана без финале во Австрија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ги заврши настапите на ИТФ-фјучрсот во Австрија во полуфиналето.

19-годишниот Ивановски за место во финалето се соочи со првиот носител Валентин Вачерот од Франција, но го загуби дуелот во два сета (1-6, 3-6). Французинот беше доминантен, во дуелот во кој траеше час и 15 минути.

Ивановски исто така играше и во двојки каде дојде до четвртфиналето, но не успеа да ја мине пречката.