• Мартин Танасковски

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра за титулата на ИТФ-фјучрсот во Скопје, затоа што во полуфиналето успеа да слави над Турчинот Ерги Киркин со 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 6-2).
Мечот меѓу македонскиот и турскиот ас траеше нешто повеќе од два часа. Иако првиот сет го загуби од петтиот носител со 3-6, македонскиот тенисер одговори со стил и успеа да слави во вториот сет со 6-2 поради два брејка.
Во третиот решавачки сет беше 2-2, па следеше одлична игра и два брејка на Ивановски за предност од 5-2, а потоа на свој сервис го реши прашањето околу победникот преку првата меч-топка која ја доби.
Во финалето Ивановски ќе игра со Саша Гејмар Вајенбург од Франција, трети носител на турнирот, кој во своето полуфинале беше подобар од Хрватот Вито Тонејц со 7-6, 6-1.