Калин Ивановски го загуби клучниот тај-брејк во полуфиналето во Поатје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски дојде до полуфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Поатје, Франција, но не успеа да се пласира во мечот за трофеј.

Нашиот најдобар тенисер падна на претпоследната пречка, откако по голема борба, загуби со 0-2 во сетови (2-6, 6-7) од францускиот тенисер Саша Гејмар Вајенбург.

Првиот сет Ивановски го загуби поради грешки, но во вториот покажа голема борба, ама во тај-брејкот му дозволи на ривалот да слави со 8-10.