Калин Ивановски без загубен сет до четвртфинале во Мадрид

Младата тениска надеж на Македонија, Калин Ивановски ја запиша и втората победа на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. 18-годишникот го совлада домашниот натпреварувач Хавиер Молино со 2-0 (6-4, 6-2).

Мечот во Мадрид тргна израмнето, двајцата тенисери беа сигурно, а Ивановски во деветтиот гем направи брејк и потоа дојде до 6-4 за водство. Во вториот сет, македонскиот ас бргу дојде до предност по одземен сервис, за потоа со 6-2 само да го потврди и да дојде до победата. 

Така, по Дешамп и Молино, Калин Ивановски во четвртфиналето ќе се судри до Жорда Санчис од Шпанија. Дуелот е закажан за в петок наутро од 10:00 часот.