Каква чест: Ликот на Федерер ќе се најде на кованица од 20 франци

Владата на Швајцарија објави дека ликот на Роџер Федерер ќе се најде на кованица од 20 швајцарски франци, со што за првпат жива личност ќе добие таква чест во таа земја.

Овој тенисер е рекордер по бројот на Грен слем титули (20), а симболично на тоа ќе се најде на истио апоен. На металните пари ќе биде исцртана слика од широко познатиот еднорачен бекхенд што го красеше тенисерот низ кариерата. 

Владата на Швајцарија призна дека Федерер е најуспешниот спортист и амбасадор на земјата.

„Федерер е веројатно науспешниот индивидуален спортист на Швајцарија и е совршен амбасадор на нашата земја", меѓу другото стоеше во соопштението на владата. 

Планот е од јануари да се пуштат во употрева речиси 100.000 кованици, а можно е и од следната година да се дизајнира апоен од 50 франци, на кој повторно би се нашол легендарниот тенисер.

  • Како би требало да изгледа кованицата со ликот на Федерер: