КАКОВ МЕЧ: Надал од 1-5, до епски триумф против Медведев!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одигра неверојатен натпревар на завршниот турнир во Лондон во кој успеа да се извлече од бездната и да слави со 2-1 во сетови (6-7, 6-3, 7-6) над Данил Медведев.

Рафа имаше длабока негатива во последниот сет и беше пред пораз, меѓутоа го покажа најдоброто од себе и дојде до посакуван резултат кој го остава со шанси за пласман во наредната фаза на турнирот во Лондон.

Првиот сет на натпреварот го одлучи тај-брејкот. Ниеден тенисер не направи брјек во дванаесетте гејма, а потоа, прв до седум поени дојде Медведев (7-3), поради два загубени сервиси на Надал во низа. 

Во вториот сет Шпанецот почна да игра препознатливо, па со два брјека за 1-0 и 6-3 дојде до изендачување. Решавачкиот сет беше катастрофален на стартот за Надал, затоа што Медведев отвори со феноменални 4-0, но откако спаси една меч-топка, шпанскиот ас направи и брејк, за 5-3, а потоа на свој сервис намали на 5-4.

Во десеттиот гем од решавачкиот сет, Надал одигра феноменално и преку втората брејк-топка изедначи на 5-5, па сигурно освои свој сервис (6-5), по што Медведев возврати и дуелот влезе во нов тај-брејк, во кој подобар беше Рафа (7-4).

  • Надал спасува меч топка: 

Во наредното коло, последно од групната фаза, Надал ќе игра против Стефанос Циципас, додека Медведев го чека дуел со Александар Зверев.