КАКОВ МАЈСТОР: Само Надал може да му земе ваков поен на Федерер (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одигра вонсериска тениска партија против Роџер Федерер и се пласира во финалето на Ролан Гарос, а истовремено го има и најдобриот поен на мечот.

„Кралот на земјената подлога“ уште еднаш ја покажа својата класа и потврди зошто го носи овој надимак. Федерер го напаѓаше при еден поен, ударите беа се посилни и подлабоки, но Рафа се извлече од бездната и мајсторски освои поен.

  • Поенот на мечот меѓу Надал и Федерер:

Надал го победи Федерер со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2), а во финалето ќе игра со Ѓоковиќ или Тием.