Како реагираше спортската елита на епската победа на Федерер над Надал во Мелбурн

Роџер Федерер и Рафаел Надал

Во толку очекуваното финале на Австралија опен, Роџер Федерер го победи Рафаел Надал (6-4 3-6 6-1 3-6 6-3) и стигна до 18. Грен слем титула во кариерата.

ПОВРЗАНО >> КРАЛОТ СЕ ВРАТИ! Федерер го надигра Надал за титула на Австралија Опен

Швајцарецот стигна до првата титула во Мелбурн по далечната 2010. година и негова прва Грен слем радост во последните пет години. Последното славје на Федерер стигна на неговиот Вимблдон во 2012 година.

Двете тениски легенди покажаа одличен тенис, полн со неверојатни потези и гестови на почит, како што доликува на двајца џентлмени на светскиот спорт. 

Целиот спортски свет вчера ги имаше вперено очите во големото финале помеѓу Федерер и Надал, а еве дел од реакциите на Интернет: