Каков меч на Лајовиќ, губеше 1-5, но со серија од 12-1 го испрати дома Медведев

На еден од најдобрите руски тенисери во овој момент Данил Медведев му били судено да загуби од Србин на Мастерсот во Монте Карло. Иако сите очекуваа тоа да му се случи на дуелот со големиот фаворит Новак Ѓоковиќ, Медведев приреди сензација, но се „лизна“ на денешното полуфинале против Душан Лајовиќ и остана без финале на првиот Мастерс на земјена подлога. 

28-годишниот Лајовиќ се избори за својот најголем успех, и прво големо финале во кариерата. Иако беше аутсајдер во денешниот меч, српскиот тенисер одигра брилијантно, особено во финишот од првиот и комплетниот вториот сет, во кои направи серија од 12-1 во гемови и заслужено се пласира во финалето на овој Мастерс. Во првиот сет Медведев успеа да прокоцка неверојатна предност од 5-1 и сетот го загуби со 5-7, додека во вториот немаше сили за надигрување и освои само еден гем.

  • Поен на мечот: 

Во големото финале противник на Лајовиќ ќе биде подобриот од дуелот кој е во тек меѓу Фоњини и Надал.